МЖСПП: Започнува чистењето на линданот од малата депонија во Охис
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес го потпишa Решението за одобрување на Планот за ремедијација на локалитетот на ОХИС АД Скопје, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање