За шест месеци расчистени 7.000 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
Во периодот јануари-јуни 2021 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 79.499 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, што претставува зголемување од 4.921 тони, односно 6,6 проценти, во однос на истиот период минатата година, соопшти претпријатието