Стојкоски: Ќе се отстранат сувите дрвја на патот Волково-Орман кои се опасност за граѓаните
Превенираме, за да спречиме несреќа. Безбедноста на секој наш сограѓанин е важна. Веќе имало случаи на паднати дрвја кои биле суви, но досега, тие не се отстранети, објави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.