Герасимовски: Чествувајќи го Конески гo чествуваме македонскиот јазик, писмо и правопис
Општина Центар го одбележува значајниот јубилеј, 100 години од раѓањето на Блаже Конески. По овој повод, денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, присуствуваше на манифестацијата на која се чествуваше значењето и трајната вредност на поетското дело на Блаже Конески и улогата на поезијата на Конески во континуитетот на македонската поетска традиција, која претставува вечна инспирација на новите македонски поети