Под мотото „Улицата на радоста” денеска на плоштадот Македонија ќе се одржи новогодишен базар на кој ќе бидат понудени рачно изработени предмети, подароци, топли напитоци, храна и уште многу други содржини.
Земјотрес со јачина од 2.6 степени ја стресе Македонија пред малку. Епицентарот е на 12 километри југоисточно од Скопје, на длабочина од 5 километри.
За претпоставената сума со која се манипулира на социјалните мрежи, информирам дека станува збор за идентично пресликана буџетска ставка од ланскиот буџет, која се однесувала на потребите на тогашниот градоначалникот.
Градоначалникот Петре Шилегов денеска го најави воведувањето нов софтвер кој ќе овозможи даночните обврзници да добиваат навремени информации за статусот на нивниот предмет поднесен во Град Скопје или даночната обврска, по пат на СМС или е-маил.
Истакнатиот член на политичката партија Левица, на својот фејсбук профил го обвини новиот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев дека во буџетот за наредната година си предвидел месечен трошок од 550 евра со кој ќе ги покрива сметките направени за користење на службен телефон.
Во месноста Краста во недела, традиционално на последната недела од годината, ќе се одржи собирањето на бадниковите гранчиња во пресрет на најголемиот христријански празник Божик.
Виз Ер Скопскиот маратон во 2018-та на несекојдневен начин ќе ги спои музиката и спортот, збогатувајќи ја програмата со нови активности кои имаат тенденција да го направат ова доживување незаборавно, како за учесниците, така и за публиката.
Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика.
Град Скопје и Агенцијата Свот Рисерч (SWOT Research) по единаесетти пат извршија избор за најдобри трговски објекти, активност која што и оваа година се реализира во рамките на проектот „Месец на трговијата”.
Активисти на Движењето ЛЕАД ќе го реализираат нивниот проект „В џеб, ако нема каде друго“, денеска од 15 часот, на Водно. Учесниците на ЛЕАД со поддршка на волонтери, ќе го чистат Водно од отпадоци.