Шилегов: Не е крај на свет ако поставуваме партиски кадри за функционери
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје на новинарско прашање рече дека тоа што во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија за членови се избрани лица кои се партиски кадри на СДСМ, не значи дека е крај на светот.