Пролонгиран огласот за оџачари, пријавени само шест кандидати
Град Скопје денеска сооошти дека рокот за пријавување на јавниот оглас за обука на оџачари е продолжен до 25 мај 2018 година. На овој оглас досега се пријавени само шест кандидати, а предвидено е да се изврши обука за оџачари на 25 невработени работоспособни лица.