- Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин, се наведува во соопштението.
Сообраќајот на патот од селото Сарај до клучката кај селото Бојане во наредните десет дена ќе се одвива наизменично во двата правца поради градежни активности на патот.
Фотографии од новата железничка станица, зградите на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“, објектот на „Македонската пошта“ се дел од статијата со наслов „Модерната архитектура низ фотографии“ која деновиве ја објави британскиот весник „Гардијан“.
Поради дефект на затворач од Ф-125мм на улица „Орце Николов бб“ ( фонтаната на плоштад ) во општина Центар, утре од 9:00 часот, па се до санирање на дефектот, ќе има прекин во водоснабдувањето.
Во општина Кисела Вода во рамки на акцијата за чистење на тревните површини, парковите и улиците досега се собрани околу 10 тони смет и кабаст отпад.
Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Нерези на 12 и 13 септември, во период од 8.30 до 10.30 часот, поради одржувањето на вториот меѓународен „ФИС ролер ски куп Скопје“.
Вработените во Град Скопје во март или април следната година ќе се преселат во новата зграда под Кале. До 29 октомври годинава треба да завршат градежните работи на објектот по што ќе следат јавни набавки за мебел и за селење.
Училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје ќе ја добие првата „сензорна градина“ која се наоѓа на отворен простор и со која ќе се унапреди наставниот процес.
Град Скопје подготвува кривична пријава поради недозволен пренос на добиена концесија за поставување билборди од една на друга фирма.
Од 9 до 14 часот денеска ќе се врши санација на прекин преку железничка пруга во општина Илинден кај местото викано Плац.