Мерните станици во Гази Баба и Лисиче не функционираат поради технички проблеми
Од шест инструменти за мерење на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, во моментов надвор од функција се два, на мерното место во Гази Баба и Лисиче поради технички проблеми. По отстранување на проблемот, во најбрз можен рок тие ќе бидат вклучени во системот, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).