Детските градинки од денеска не примаат невакцинирани деца од МРП
Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на целото подрачје на град Скопје, со што од денеска, 3.1.2019 година, стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот.