Пријавувањето за регионалната лабораторија за креативен документарен филм до 22 март
Филмскиот фестивал Право Људски од Сараево и Филмскиот фестивал Докуфест од Призрен, во соработка со филмската и видео програма на Музејот на современата уметност – Скопје, Филмскиот центар на Црна Гора и Андерхил филм фестивалот, преку поддршката на Националниот фонд за демократија од Вашингтон (NED), објавија повик за третата регионална лабораторија на креативен документарен филм ACTive #3.