Алонсо ќе стартува од пол-позиција во „24 часа Ле Ман“
Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо ќе стартува од пол-позиција во „24 часа Ле Ман“ оваа сабота, откако неговиот тимски колега во возилото со број 8, Казуки Накаџима запиша најбрза обиколка по трите квалификациски сесии - 3: 15.377 минути.