Македонија загуби од Летонија и остана без медал
Македонската одбојкарска репрезентација денеска загуби од Летонија со 1:3 (20-25, 16-26, 25:23, 26-28) и заврши на 4.место во Сребрената Европска лига. „Црвено-жолтите“ завршија со два пораза на завршниот турнир, на кој домаќин е градот Скопје и СРЦ „Кале“, и останаа без медал.