Одбојкарите на Русија ја освоија Лигата на нациите
Руската одбојкарска репрезентација е победник на првото издание од Лигата на нациите. Русите синоќа во финалниот дуел на турнирот во Лил, ја победија домашната селекција на Франција со максимални 3-0, по сетови 25:22, 25:20 и 25:23.