Ред Бул им даваат одврзани раце на Хонда и ќе ја жртвуваат сезоната на Торо Росо
Ред Бул се подготвени да ја жртвуваат сезоната на својот втор тим Торо Росо, за да можат Хонда да експериментираат со моторот. Јапонската компанија има одврзани раце да обезбеди што повеќе подобрувања и да ги тестира слободно за време на трките. Целта е догодина, кога Хонда ќе го снабдува Ред Бул, моторот да е максимално издржлив и моќен.