Србија ја одбрани европската титула во ватерполо
Ватерполистите на Србија се старо-нови европски шампиони. На Европското првенство во Барселона, Србија ја победи домашната селекција на Шпанија. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник со резултат 7-7 (0-1, 3-3, 3-2, 1-1), па шампионот беше одлучен по изведувањето на пеналите, по кои „делфините“ стигнаа до победата со 5-3.