Последна фаза од подготовките на „традиционалците“ пред настапот на ЕП
Македонската репрезентација во традиционално карате која од 14 до 16 септември ќе земе учество на 33. Европски шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети во Белград, ги започна финалните подготовки за настапот на престижното натпреварување.