Мик Шумахер: Големата цел е Формула 1
Синот на легендата Михаел Шумахер - Мик потврди дека неговата голема цел останува учество во Формула 1. Пред неколку дена, шефот на Ф1, Чејс Кери изјави дека ако 19-годишниот пилот, син на седумкратниот светски шампион, успее да си го отвори патот до посакуваниот мотоспорт, тоа ќе биде „прекрасна приказна“.