Федерер против Ѓоковиќ во финалето на „Мастерс“ турнирот во Синсинати
Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ ќе играат во финалето на „Мастерс“ турнирот во Синсинати. Маестро се пласираше во мечот за титулата откако неговиот противник, Давид Гофан се откажа поради повреда во полуфиналето. Швајцарецот го освои првиот сет по тајбрејк, а во вториот резултатот беше 1:1, кога Гофан се откажа поради повреда на рамото.