Единаесет медали за Македонија на првиот ден од Балканското првенство во таеквондо
На првиот ден од Балканското првенство во таеквондо, кое се одржува во Букурешт, Романија, македонските репрезентативци освоија 11 медали - два златни во сениорска конкуренција, два сребрени во јуниорска и пет бронзи, еден сребрен во кадетска и еден бронза во пионерска, соопштија од Македонската Таеквондо Федерација (МТФ).