Шефот на Ред Бул го предупреди Хамилтон: Фетел не се откажал од титулата
Шефот на Ред Бул Кристијан Хорнер го предупреди актуелниот светски шампион во Формула 1 и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон дека неговиот најголем конкурент, Себастијан Фетел, нема да се откаже од титулата, иако заостанувањето е огромно.