Алонсо не беше опција за 2019 година, тврди Верстапен
Макс Верстапен ги отфрли тврдењата дека Ред Бул сакале да го ангажираат Фернандо Алонсо во 2019 година. Шпанецот, кој се повлекува од Формула 1 на крајот на годината, изјави неодамна дека тимот го поканил вкупно шест пати, вклучително и двапати во во 2018 година. Кристијан Хорнер и Хелмут Марко одговорија дека Алонсо бил поканет само еднаш - во 2007 година.