Формула 1 разгледува опции за трка во Рио
Шефот на „Либерти Медија“ Чејс Кери го посетил Рио де Жанеиро, за да ја истражи можноста за спроведување таму на ГП на Бразил. Ова прашање е поврзано со приватизацијата на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло, што може да биде пречка кон продолжување на договорот. Со други зборови, сопствениците на Ф1 бараат можна резервна опција.