Хрватска поведе во финалето на „Дејвис купот“
Борна Чориќ донесе предност на Хрватска против бранителот на титулата Франција во финалето на „Дејвис купот“, кое се одржува на земјени терени во францускиот град Лил. Чориќ го победи Џереми Шарди со 6:2, 7:5, 6:4 во 2 часа и 19 минути игра.