Аљиу во дресот на Македонската карате репрезентација на Балканското првенство во Дубровник
Откако го освои третото место на Државното првенство во карате во категорите за кадети и јуниори, но и во категоријата У21, членката на Карате клубот „Ускана ” од Кичево Фљориана Аљиу доби покана како член на Македонската Карате репрезентација да учествува на Балканското првенство, што ќе се одржи во Дубровник, Република Хрватска.