Федерер ја започна 2019-та со победа за 57-минути
Роџер Федерер ја започна новата 2019 година со победа за само 57 минути против Американецот Франсоа Тиафо. Двајцата се сретнаа на првиот натпревар меѓу Швајцарија и САД од групата „Б“ на неофицијалното Светското првенство во тенис за мешани тимови, а Швајцарецот победи со 6:4, 6:1.