Карловиќ продолжува да пишува историја
Хрватот Иво Карловиќ повторно го впиша своето име во историјата. Денес 211 сантиметри високиот тенисер, кој на 28 февруари ќе наполни 40 години, стана најстариот полуфиналист во турнир од ATП од 1993, кога американската легенда Џими Конорс, стигнува до оваа фаза на турнирот во Сан Франциско.