Кобајаши трет ски-скокач во историјата со победа на сите „Четири скокалници“
Јапонецот Рјоју Кобајаши е третиот ски-скокач во историјата на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ кој до трофејот стигна со триумф на четирите натпреварувања. По Гармиш, Оберздорф и Инсбрук, Кобајаши вечерва го освои првото место и во Бишофсхофен.