Поради ризик од лавина, откажани трките во Сент Антон
Австрискиот центар Сент Антон викендов требаше да биде домаќин на најдобрите светски скијачи во брзи дисциплини, но спустот во сабота и супер-џи во недела беа откажани поради опасноста од снежни лавини, екстремни количества снежни врнежи и лоша временска прогноза за време на викендот, соопшти Австриската скијачка федерација.