„Децата“ на Ричлиев ја однесоа Македонија на Европското првенство
Докажаниот творец на одбојкарски имиња е посебно горд на „своите деца“, кои го бранат репрезентативниот дрес и го изборија најголемиот успех на македонската одбојка со учество на претстојното европско одбојкарско првенство, кое ќе се одржи во септември годинава во Словенија, Белгија, Франција и Холандија.