Новите карате правила инспирирани од македонската легенда Назим Куртовиќ
Новите светски правила во карате спортот се инспирирани од научниот труд на македонската карате легенда и доктор на науки, Назим Куртовиќ. Од 1-ви јануари годинава се применуваат новите карате правила во дисциплината кати (состави), кои ќе важат на сите наредни официјални натпревари, вклучително и на Олимписките игри во Токио 2020 година.