Нурмагомедов се огласи по тешката казна: Разбудете ме кога сè ќе заврши
Рускиот ММА борец, Хабиб Нурмагомедов, вчера доби жестока казна откако беше сослушан пред комисијата на Невада по инцидентите по натпреварот со Конор Мекгрегор. Хабиб, кој ја бранеше титулата на овој натпревар, беше казнет со парична казна од 500.000 долари со суспензија од дури девет месеци.