Ред Бул го промовираше својот прв болид со Хонда мотор
Ред Бул го претстави својот прв тркачки автомобил во Формула 1, со погонска единица на Хонда. Дизајнот на автомобилот е значително променет во споредба со минатогодишниот, но по според традицијата, тоа нема да биде финалниот дизајн за сезоната 2019. Вистинската боја на „РБ15“ ќе биде откриена најверојатно во понеделник на патеката во Барселона, кога започнува првиот предсезонски тест во Формула 1 за 2019 година.