Федерер повторно изгуби сет, но се справи со Вердаско во Дубаи
Роџер Федерер изгуби сет во втор дуел по ред на турнирот во Дубаи, но се квалификуваше за четвртфиналето. 37-годишниот Швајцарец ја задржа својата совршена статистика против Фернандо Вердаско, победувајќи го во седми последователен натпревар. Рекордерот по освоени Гранд-слем титули победи со 6:3, 3:6, 6:3.