Мареј: Болката ја нема, сакам да се вратам на теренот!
Енди Мареј објави дека тешката операција, на која се подложи, била успешна и поранешниот бр.1 во светот се надева дека ќе се врати на теренот уште во текот на летото. Ако Шкотланѓанецот навистина може да ја продолжи кариерата, тој ќе стане првиот професионален тенисер во сингл, кој има метал во колкот.