Хамилтон качил килограми поради новите правила
Луис Хамилтон е гладен за успех – тоа во буквална смисла. Во зима петкратниот светски шампион се „товарел“ со храна за да качи килограми, поради новите правила. Од оваа година, тежината на пилотот и седиштето се мерат одделно од тоа на болидот, откако треба да биде минимум 80 кг. Луис вели дека внесувал многу поголеми количини храна, но истовремено не запирал да тренира, за да ја зголеми мускулатурата.