Типсаревиќ со првата победа на АТП турнир од август 2017 година
Поранешниот број 8 на светската листа, Јанко Типсаревиќ (Србија) ја постигна својата прва победа на АТП турнир од август 2017 година. Типсаревиќ победи против претставникот на домаќините Бредли Клан со 6:3, 6:3 на стартот на турнирот од серијата „Мастерс“ во Мајами. 34-годишниот Србин, кој е 453-ти во светот во моментов, игра во својот трет турнир сезонава, откако ја пропушти целата 2018 година заради операции на тетивите на двете колена.