Федерер продолжува силно на својот пат кон четвртата титула во Мајами
Роџер Федерер се пласираше без проблеми за четвртфиналето на силниот тениски турнир од серијата „Мастерс 1.000“ во Мајами, откако го надигра Русинот Данил Медведев со 6:4, 6:2. Дуелот помеѓу двајцата се одигра со ден задоцнување поради дожд, но Швајцарецот стигна самоуверено до успехот по малку над час игра.