Пожарот кај Љуботенски бачила ќе се гасне со авиони, се шири пожарот кај Лакавица
Побарана е интервенција на авиони за гаснење на пожарот кај Љуботенски бачила, а пожарот кај Драчево го прекина железничкиот сообраќај кој се очекува да се нормализира. Нови пожари попладнево има кај Небрегово и Гостивар. Пожарот во Тетовско кај Лакавица се шири кон село Седларево. Под контрола е ставен пожарот кај Саса и во Преспа кај Сирхан