Балкански карате семинар со над 140 учесници и мајстори од борачките вештини
Повеќе од 140 ученици присуствуваа на балканскиот карате семинар што вчера и завчера се одржа во Скопје, на кој инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан и шихан Милан Ѓокиќ од Србија – 7 дан им ги пренесоа техниките за самоодбрана, за поентирање во спортското карате и изведба на кати и други елементи