Чилиќ, Хачанов и Цонга аут од Монте Карло
Италијанскиот квалификант, Лоренцо Сонего го елиминира Карен Хачанов (Русија), рангиран под број 8 и се квалификува за третото коло на турнирот од серијата Мастерс во Монте Карло. 23-годишниот Сонего, 96-ти во светската ранглиста, стигна до успехот по 7:6 (4), 6:4 над 12-тиот во рангирањето на АТП по 112 минути игра и ја постигна најзначајната индивидуална победа во кариерата