Федерер спаси две меч топки и го отстрани Чориќ во Рим
Четирикратниот финалист Роџер Федерер го надмина третиот круг на турнирот од сериите „Мастерс“ на земјени терени во Рим со награден фонд од 5,21 милиони евра, откако спаси два меч топки и го победи со 2:6, 6:4, 7:6 (7) Хрватот Борна Чориќ.