Тажен ден за Формула 1, почина легендата Ники Лауда
На возраст од 70 години почина трикратниот светски шампион во Формула 1, Ники Лауда. Од средината на минатата година, Австриецот се бореше со здравствени проблеми, вклучувајќи трансплантација на бели дробови во август, за што е потребен двомесечен престој во болница. На почетокот на оваа година, повторно бил хоспитализиран за краток период по инфекцијата со грипот.