Надал ја забележа победата бр.90 на „Ролан Гарос“
Рафа Надал, 11-кратниот шампион на „Ролан Гарос“ забележа лесна победа во осминафиналето на овогодинешното Отворено првенство на Франција. 32-годишниот Шпанец, ставен под број 2 во шемата, го победи Аргентинецот Хуан Игнасио Лондеро со 6:2, 6:3, 6:3. Левичарот од Манакор ќе игра во четвртфиналето со победникот од натпреварот помеѓу Кеј Нишикори (Јапонија) и Беноа Пер (Франција)