Тим го совлада Ѓоковиќ по голема борба и се пласираше во финалето на „Ролан Гарос“
Доминик Тим се квалификуваше втора година по ред во финалето на „Ролан Гарос“ и доби право за „поправен“ против Рафаел Надал по поразот од Шпанецот во 2018 година. Австриецот дојде до решавачкиот натпревар откако победи со 6:2, 3:6, 7:5, 5:7, 7:5 над Новак Ѓоковиќ