Верстапен именуваше четворица пилоти, со кои во иднина ќе се бори за победи
Макс Верстапен е среќен што неговиот поранешен конкурент во картинг, Шарл Леклер, го остварил заедничкиот детски сон да се натпреварува во Формула 1, но според Холанѓанецот, уште тројца пилоти ќе учествуваат во борбата во иднина. Во 2019 година бевме сведоци на исклучително привлечниот дуел меѓу двајцата на „Силверстон“, а и во одделни ситуации во други трки од календарот.