По пауза од 7 години, Ким Клијстерс се враќа на тениските терени
Четирикратната Гренд-слем шампионка, Ким Клајстерс сензационално го најави враќањето во професионалниот тенис во 2020 година. 36-годишната Белгијка официјално се повлече во 2012 година по УС Опен, но во специјалното видео обраќање ги најави своите планови повторно да игра активен тенис следната година, откако и недостасувало чувството да биде дел од Светската ВТА турнеја.