Тајсон Фјури останува без пораз
Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури оствари изненадувачки тешка победа над Ото Валин на меч што се одржа во Лас Вегас. „Циганскиот крал“ победи на поени (116-112, 117-111, 118-110) против цврстиот Швеѓанец по 12 исцрпувачки рунди што ја оставија публиката без здив.