Србите владеат со европската одбојка
Србија ја победи Словенија со 3:1 (по сетови 19:25, 25:16, 25:18, 25:20) во финалето на Европското првенство во одбојка. Со овој успех, нашите северни соседи го повторија подвигот на нивните женски колешки, кои истотака се актуелни владетели на Стариот континент.