Возачот на Ферари, Карлос Саинц, беше најбрз на денешниот тренинг пред неделната трка за Големата награда на Соединетите Американски Држави во Формула 1.
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави денеска дека емотивно е подготвен да ја заврши кариерата на претстојното финале на Дејвис купот, но оти ќе настапи само во сингл доколку е целосно подготвен за победа.
Викендов на патеката COTA ќе стане јасно дали Ферари има реални надежи за светската титула кај конструкторите во Формула 1. Ова е мислењето на пилотот на Скудерија, Карлос Саинц, кој ги прокоментира очекуваните перформанси на болидот по пакетот подобрувања.
Ривалските тимови ја предупредија ФИА дека Ред Бул има уред во кокпитот со кој може да ја прилагоди висината на подот на болидот. Тие веруваа дека тимот може да направи одредени промени во поставеноста помеѓу квалификациите и трката, што не е дозволено.
Италијанската машка ватерполо репрезентација е суспендирана на шест месеци од Одделот за интегритет на водни спортови (AQIU) поради инцидентот во кој беа нападнати судии на Олимписките игри во Париз.
Ѓоковиќ одигра драматичен меч со Синер, но четврти пат во низа загуби од Италијанецот - сега со 6:2, 6:7, 6:4.
Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе се сретнат во финалето на егзибициониот тениски турнир „Сикс Кингс Слем“ во Саудиска Арабија.
Поранешниот светски тениски рекет број еден, Британецот Енди Мареј го освои турнирот во голф BTJA Mike Dickson Golf Day во Хертфордшир.
Претходно, Фисет беше тренер на Ким Клајстерс, Симона Халеп, Викторија Азаренка, Анџелика Кербер, Наоми Осака, Кинвен Женг и други. Тој ја прекина соработката со Осака во септември.
Главниот град на американската сојузна држава Џорџија, Атланта, ќе биде домаќин на 62. Супербоул во 2028 година, објави денеска НФЛ.